Комитите од Драчево покажаа хуманост на дело, донираат подароци за деца со посебни потреби

Навивачката група Комити, поточно нивните членови од скопско Драчево, направија прекрасен гест. Фановите на Вардар со новогодишни подароци ќе израдуваат деца со посебни потреби.

„Традиционално во пред новогодишниот период, оние на кои најмногу им значи вниманието и топлината, и чии насмевки имаат огромна вредност, се потсетени и уверени повторно дека сме со нив. Комити Драчево повторно со сопствена иницијатива и хуманост на дело. Од срце за Здружението за заштита на правата на децата со посебни потреби „Ластовица“. Тука сме и за другите чии насмевки претставуваат најголеми новогодишни честитки…Ќе бидеме и со нив повторно деновиве“ – порачаа Комитите, чија парола е „Подари срце, Измами насмевка“.

 

- Оглас -

Најнови вести