Комитите се вратија во својот дом, западната трибина повторно грмеше (Фото)

Фудбалерите на Вардар заедно со нивните верни навивачи „Комитите“, по подолго време одиграа еден натпревар на „својот“ дом, Националната Арена „Тодор Проески“.

Работнички и Вардар денеска во рамки на 27-то коло од Првата македонска фудбалска лига играа на нашиот најголем стадион и за фештата на трибините“ се погрижија „Комитите“.

„Комитите“ се сместија на добро познато место, Западната трибина, од каде од 1987 година постојано ги бодреле Црвено-црните и креирале многу незаборавни моменти.

,,На Запад приказни, многу запишани…”, беше пораката на Комитите пред дуелот со Работнички.

Тие направија одлична атмосфера, западната трибина „грмеше“ во текот на целиот натпревар и „Комитите “ покажаа дека Вардар мора своите натпревари да ги игра на Арената „Тодор Проески“, а не на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

- Оглас -

Најнови вести