Вардар налето ќе остане без Роџерс Мато и притоа клубот нема ништо да заработи бидејќи напаѓачот од Уганда ќе си замине во шкотскиот Хартс како слободен играч, договорот со Црвено-црните му истекува во јуни.
Оваа вест предизвика шок кај фановите на Вардар. Добрата страна е што Мато ќе остане во клубот и во пролетниот дел од сезоната и ќе помогне во битката за титулата, но лошо е што ќе си замине без клубот да заработи пари од негова продажба.
Неодамна Хартс понудил 300.000 евра, но Вардар ја одбил понудата. Вардарци објавија дека би го продале Мато за 1,5 милиони евра. Сега ситуацијата е дека Вардар од финансиска гледна точка нема да добие ништо.
„Подобро врапче во рака отколку гулаб на гранка“, вели една поговорка, но Вардар реши да ризикува во стилот на ПСЖ во ситуацијата со Килијан Мбапе, кога не сакаа да го продадат, а потоа го загубија бесплатно.

