Навивачката група Комити се огласи преку социјалните мрежи по повод изборот на Гоце Седлоски како главен тренер на фудбалскиот клуб Вардар.
Комитите се против Седлоски, а целото соопштение ви го пренесуваме интегрално:
„СЕДЛО – МРШ ОД ВАРДАР!
Гоце Седлоски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!
Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!
Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш, или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!
Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите дури вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хохштаплерски зделки!
КЛУБ НА НАРОДОТ СИ ВАРДАРЕ!
ВО САБОТА – СИТЕ НА СТАДИОН!“, порачаа фановите.