Клубот од Серија А, Комо, покажува интерес за Кевин де Брoјне. Италијанскиот калчолигаш планира да испрати понуда до ѕвездата на Манчестер сити, со оглед дека наскоро Белгиецот ќе стане слободен агент.
Де Бројне, кој има освоено шест титули во Премиер лигата, веќе објави дека ќе ги напушти Граѓаните на крајот од сезоната. Веќе се појавија шпекулации за негово можно заминување во МЛС, Саудиска Арабија, а се зборува и за интерес од Астон Вила.
Интер, кој последните години е познат по ангажирање слободни агенти, исто така сака да го види Де Бројне во својот состав. На сличен начин Нераѕурите ги засилија редовите со Маркус Турам, Пјотр Зиелински, Хенрих Мхитарјан.
Иако ова е прва сезона за Комо во елитата на италијанскиот фудбал, клубот ги покажа своите амбиции со ангажмани на високо ниво, меѓу кои е и назначувањето на Сеск Фабрегас за шеф на стручниот штаб, како и доведувањето на Нико Паз, Асана Дијао, Сержи Роберто, Максенс Какере и Алекс Вале.
Комо претходно беше поврзуван и со евентуален трансфер на левиот бек на Милан, Тео Ернандес, во јануари, но зделката не се реализира.