Комо испратил шокантно богата понуда за Тео Ернандес, Милан дал експресен одговор

Италијанските медиуми објавија дека клубот Комо, кој се бори за опстанок во Серија А, понудил 40 милиони евра за левиот бек на Милан, Тео Ернандес, но тоа било одбиено.

Комо, кој има богат индонезиски сопственик и се пресели во првата лига оваа сезона откако започна во Серија Д, верувал дека може да го добие францускиот репрезентативец. Понудата наводно била испратена пред некој ден, кога имало тензија помеѓу Тео и челниците на Милан, вклучувајќи го и тренерот Сержо Консеисао.

Од Милан не ни помислиле да го продадат Тео. Ако некој си оди од Милан, тоа ќе биде Алваро Мората, за кого се зборува дека се договорил со Галатасарај, додека младиот Франческо Камарда ќе биде испратен на позајмица во Монца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести