Комо ја шокираше Аталанта и стигна до првата победа во Серија А

Комо ја искористи лошата форма на Аталанта и успеа да оствари изненадувачки триумф (2-3) во Бергамо. Таков развој на настаните не навестуваше почетокот на мечот.

Давиде Запакоста ја доведе Атланта во водство во 18-та минута. Сепак, Комо беше одличен во вториот дел.

Стрефеца израмни во 46-та минута, а Колашинац сакајчи да блокира постигна автогол во 54-та минута. Алиу Фадера во 58-та го шокираше домаќинот со трет гол.

На крајот Адемола Лукман од пенал погоди за 2-3 во 97-та минута, но тоа не ја спречи сензацијата.

- Оглас -

Најнови вести