Комо не се шегува: Гостинска победа за израмнување на четвртата позиција со Рома (Видео)

Екипата на Комо воопшто не се шегува, па избраниците на Фабрегас со гостинска победа над Каљари дојдоа до 51 бод, колку што има и Рома на четвртата позиција на табелата во Серија А.

Комо оваа сезона игра одличен фудбал, па нема да биде изненадување ако од есен се игра Лигата на шампионите и крај езерото во северна Италија.

Избраниците на Фабрегас попладнево славеа со минимални 1-2 на гостувањето кај Каљари, а голот за победа беше дело на Лукас да Куња во 76-тата минута, откако претходно Батурина ги донесе гостите во водство, а Еспозито израмни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести