Комо нема намера да биде епизодист, првото засилување ќе биде Џејми Варди?!

Екипата на Комо после 21 година повторно ќе игра во италијанската Серија А. Богатите сопственици на клубот со Фабрегас како дел од стручниот штаб, но и легендарниот Тиери Анри како еден од акционерите, немаат намера да бидат само епизодисти следната сезона. Мечот од последното коло од трибините го следеше легендарниот англичанец, Џејми Варди, што беше причина веднаш да започнат шпекулациите дека тој ќе биде првото засилување на новиот прволигаш.

Договорот на Варди со Лестер завршува на крајот од оваа сезона и легендата на клубот сигурно си оди после 12 години и историскиот успех со освојувањето на Премиер лигата.

„Зошто сум овде? Не знам. Отсекогаш сум сакал да дојдам тука и да гледам барем еден натпревар. За моја среќа го гледав токму мечот кога Комо влезе во Серија А. Многу е убаво кога ќе видите дека некој се изборил за пласман во повисок ранг. Среќен сум поради оваа екипа. Сега зависи какви трансфер ќе направат. Јас во Комо? Стар сум, но кој може да знае, ќе видиме.“ – рече Варди пред италијанските новинари после натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести