Новиот италијански прволигаш Комо продолжува со доведување звучни имиња во клубот. Откако пристигнаа Рафаел Варан, Пепе Реина, Алберто Морено, Комо сега е на чекор од доведување на легендата на Барселона, Серхи Роберто. Тој цели 14 години беше дел од каталонскиот клуб, а ова лето мораше да замине откако му порачаа дека е вишок во тимот.
Покрај Серхи Роберто, Комо е блиску до ангажман и на талентот на Реал Мадрид, Нико Паз, а исто така се споменува дека во клубот би можело да пристигне и Максимино Пероне од Манчестер сити.
Комо го води Сеск Фабрегас, некогашниот фудбалер на Барселона, Арсенал и на Челзи, кој е и косопственик на клубот.
Во првото коло од Серија А, Комо доживеа убедлив пораз (3-0) од Јувентус во Торино.