Фудбалерите на Комо им се вратија на победите и тоа на најдобар можен начин, со триумф на гостински терен кај Фиорентина. Повратникот во Серија А победи со 0-2, што за нив е прва победа во Фиренца после пауза од 24 години, откако ја совладаа Фиорентина на „Артемио Франки“ во далечната 2001 година и тоа во меч од Купот на Италија.
Победата за Комо ја донесоа Асане Диао во 41-вата и Нико Пас во 66-тата минута. Комо со оваа победа дојде до 25 поени и се искачи на 13-тата позиција на табелата, додека Фиорентина останува шестта со 42 бода.