Една од најинтересните фудбалски приказни ни доаѓа од Италија, а станува збор за екипата на Комо. Откако пред неколку дена беше објавено дека Тјери Анри има купено акции, а претходно и дека Фабрегас ќе го облече дресот на овој тим, сега се појавија нови шпекулации.
Имено, овие две фудбалски легенди се обидуваат да го убедат Миралем Пјаниќ да им се приклучи во Серија Б. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина е под договор со Барселона, но веќе неколку сезони не е дел од првиот тим и најчесто беше испраќан на позајмици.
Пјаниќ своевремено играше во Италија за Рома и Јувентус, и тоа со голем успех, па затоа и од раководоството сметаат дека познавањето на лигата како и менталитетот ќе бидат од голема корист и за тимот и за самиот играч.