Комори се чуди: Голчиште од над 35 метри (Видео)

Репрезентацијата на Комори е вистинско чудо на Африканскиот куп на нациите. Четвртата најмала земја во Африка за првпат е дел од фудбалскиот континентален турнир и веќе ги освои симпатиите.

Успеаја да ја поминат групата елиминирајќи селекција како Гана, а сега во дуел против домаќинот Камерун одлично се држат. Иако играат без голман (брани фудбалер кој природно игра како лев бек), а од седмата минута играат со црвен картон, Комори се држи против големиот фаворит.

Со гол од над 35 метри намалија на 1:2 и тоа сигурно е погодок на турнирот.

- Оглас -

Најнови вести