Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, се наоѓа пред историско постигнување. Ако Баерн го победи Ајнтрахт Франкфурт претстојниот викенд во Бундеслигата, Компани ќе стане првиот тренер во Топ 5 лигите на Европа кој ќе започне сезона со 10 последовни победи.
Тоа е историски момент кој само ќе ја потврди одлуката на раководството на баварскиот гигант да му ја даде довербата на Компани.
Белгискиот стратег претходно со Барнли, со ограничен состав, испадна од Премиер лигата. Потоа доби понуда од Баерн да застане на кормилото на најдобриот германски тим и многумина се сомневаа како ќе се снајде во големиот германски клуб.
Оваа сезона, Компани во Баерн има фантастичен состав, со Кејн, Дијас и Олисе во нападот.
Интересно е дека и Франческо Фариоли, тренерот на Порто, исто така има девет победи од стартот на сезоната со својот тим.