Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, го коментираше ремито на својот тим против Унион Берлин (2-2), кое беше зачувано со голот на Хари Кејн во последните моменти. Овој резултат ја прекина неверојатната серија на Баерн од 16 последовни победи, но сепак германскиот шампион го искористи падот на Лајпциг и сега има предност од шест поени на врвот.
„Во првото полувреме не направивме доволно, бевме за еден до три чекори зад противниците, често ја губевме борбата за втора топка. Знаевме дека статичните ситуации се најсилната страна на Унион Берлин, и секој детал беше важен. Од 30-тата минута натаму не можам да кажам дека игравме лошо“, изјави Компани.
Тој додаде дека, генерално, постојат и позитивни моменти од средбата.
„Лајпциг загуби, а начинот на кој се вративме и обезбедивме бод е за пофалба“, изјави тренерот на Баерн Минхен.

