Компани: „Бундеслигата не е лесна, секој натпревар е ризичен“

Баерн Минхен доживеа шокантен пораз од Аугсбург (1-2) на домашен терен и тоа со пресврт, откако по првите 45 минути имаше водство од 1-0. Сепак, и покрај поразот, „баварците“ остануваат лидери со осум поени пред Борусија Дортмунд.

„Овој резултат е за луѓето кои отсекогаш знаеле дека Бундеслигата не е лесна и дека секој натпревар е ризичен. Бевме стабилни во првото полувреме, без многу креативност. Ова беше натпревар во кој си велиш: добро, одигравме пет меча за 13 дена – можеби денес (н.з. – во сабота) ќе извлечеме резултат без спектакуларна игра. Повеќе сум разочаран од резултатот отколку од прикажаното. Бевме во добра позиција и ја испуштивме. Во второто полувреме не успеавме да ја внесеме истата енергија како на претходните натпревари. Честитки за Аугсбург. Тоа е дел од фудбалот. Сега најважно е да покажеме реакција.“ – рече тренерот на Баерн Минхен, Винсан Компани.

- Оглас -

Најнови вести