Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, го коментираше успехот на капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси, на Светското клупско првенство.
Голот од слободен удар на Меси му помогна на американскиот клуб да го победи Порто со 2-1 во второто коло од групната фаза. На 24-ти јуни, Аргентинецот ќе наполни 38 години, а Компани го прослави својот 39-ти роденден во април.
„Интер Мајами има посебен, посебен играч. Мислам дека сме на иста возраст. Не знам како тој сè уште го прави тоа. Сè уште ги гледаме овие натпревари и мислам дека треба да го цениме секој момент кога Меси е на теренот“, рече Белгиецот.