Компани: Ми олесна бидејќи повторно го имам Чурлинов во тимот, се плашевме за него поради болеста

Менаџерот на Барнли, Вeнсaн Компани за Би-би-си изјави дека „му олесна“ по враќањето на терените на македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов.

Чурлинов изминатите денови одигра два меча за Македонија, против Украина (0:2) во рамки на квалификациите за ЕП 2024, и против Ерменија (3:1) во пријателски дуел кој се играше во Струмиња.

Ова беа први натпревари за Чурлинов откако пред четири месеци имаше труење на крвта, поради што Компани, се плашеше дека напаѓачот ќе ја пропушти цела сезона. Но, откако успеа да се врати на тренинзите на Барнли, а потоа и настапи за Македонија, Компани го врати Чурлинов во првиот тим и напаѓачот ќе биде во комбинација за настап против Брентфорд во мечот кој ќе се игра утре.

„Приказната на Чурлинов беше страшна, се плашевме за него поради болеста. Тој загуби доста тежина и мускулна маса, и се предвидуваше дека ќе ја пропушти цела ссзона. Но, мислам дека неговиот ум и третманите му помогнаа многу брзо да се опорави. „Ми олесна“ поради тоа што повторно го имам во тимот“, изјави Компани.

Барнли утре му гостува на Брентфорд и ќе се обиде да дојде до втората победа сезонава во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести