Компани: Не би требало да има голема разлика меѓу Динамо Загреб и Барселона

Новата сезона во елитната Лига на шампиони започнува утречевер, а први на програмата се шест меча. Меѓу дуелите кои привлекуваат посебно внимание е тој на „Алијанц Арена“ меѓу Баерн Минхен и Динамо Загреб.

Тренерот на Баерн, Висент Компани најави дека нема намера нималку да го потцени Динамо.

„не може премногу да се разликуваат поединечни мечеви. Не би требало да има голема разлика од Динамо Загреб и Барселона. Сакаме на секој меч да ја оствариме нашата цел и да стигнеме до бодовите. Ги знаеме силните и слаби страни на противникот. Динамо има талентиран и технички силен тим. Навикнати се често да го имаат поседот на топката во последната третина од теренот. Истотака добро се бранат во одбрана. Не оставаат многу простор. Ние сакаме да го играме нашиот стил на игра“, реле Компани.

Како играч, Компани има играно против Динамо Загреб и тоа кога во хрватскиот тим играа Лука Модриќ и Марио Манџукиќ.

„Добро се сеќавам на тој дуел со Динамо. Цел меч морав да трчам по Модриќ. И ние имавме јак состав тогаш и победивме. Тоа беше добар натпревар“, се присети Компани.

- Оглас -

Најнови вести