Баерн Минхен доживеа шокантен пораз од Бохум (2-3) на домашен терен, а тренерот Венсан Компани истакна дека исклучувањето на Жоао Палиња не смее да биде изговор за тоа.
Байерн имаше предност од 2-1 кога Палиња доби црвен картон за груб старт врз Георгиос Масурас. Бохум тоа го искористи и направи пресврт, израмнувајќи на почетокот на второто полувреме, пред Матуш Беро да го постигне победничкиот гол во 71-та минута.
„Ќе разговараме за ова во соблекувалната, но тоа не смее да биде изговор. Дури и со десетмина играчи имавме водство и моравме да победиме или барем да избегнеме пораз. Но, не сакам да ја одземам заслугата на Бохум, тие целосно ја заслужија победата“, изјави Компани.
Ова е првиот пораз на Баварците во 2025 година, но по чудна коинциденција, нивниот главен конкурент Баер Леверкузен исто така загуби дома, со 0-1 од Вердер.
Баварците сега се фокусираат на осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите против Баер Леверкузен, каде што имаат предност од 3-0 по првиот натпревар.