Тренерот на Баерн Минхен Венсан Компани беше многу лут, но не поради поразот од Пари Сен Жермен, туку поради повредата на Џемал Мусијала. По еден дуел со голманот Донарума, ѕвездата на Баерн Минхен заработи скршеница на ногата.
„Ретко сум бил толку лут на полувреме, не на моите играчи. Има многу важни работи во животот, многу поважни од ова. Но, на крајот на денот за овие момци, ова е нивниот живот“, коментираше Компани по поразот од 2-0, а потоа продолжи:
„И Џамал живее за тоа и се врати по повреда… Потоа нешто се случува онака како што се случува и се чувствуваш немоќен. Она што сè уште ми ја врие крвта не е резултатот. Разбирам дека ова е фудбал. Но, фактот е дека тоа му се случи на некој што толку многу ужива во играта и е исто така е многу важен за нас“, вели тренерот на баварскиот гигант.
Според првичните проценки, повредата на Мусијал ќе значи пауза од најмалку шест месеци, што значи дека ѕвездата на Баерн нема да може да се врати на теренот пред почетокот на 2026 година.