20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Компани поради повреда го пропушта тестаменталниот меч за Сити?

Искусниот стопер на Андерлехт Венсан Компани, во вчерашниот пораз од Гент заработи повреда на бутниот мускул, по што го загрози настапот на својот тестаментален меч за Манчестер сити кој е закажан за 11 септември. Во таборот на Андерлехт стравуваат дека се работи за повреда која ќе го тргне Компани од терените најмалку три недели.

Актуелниот англиски првак закажа ревијален натпревар на „Етихад“ во чест на Компани, кој цели 11 години го носеше дресот на Граѓаните. Мечот кој е закажан за 11 септември во кој ќе се појават поранешни соиграчи на Белгиецот, најверојатно ќе се одигра без главниот актер.

Воедно, Компани многу веројатно ги пропушта и дуелите во септемврискиот квалификациски циклус, во кој Белгија ќе се сретне со Сан Марино и Шкотска.

- Оглас -

Најнови вести