Компани потпиша договор со Баерн Минхен до 2027 година

Тоа што се најавуваше, сега се оствари. Винсан Компани е назначен за нов тренер на Баерн Минхен. Компани во сезоната што измина го предводеше Барнли, но не успеа да се спаси од испаѓање во Премиер лигата.

За предвремен раскин на договорот на Компани со Барнли, тим кој ќе игра во втора лига, Баерн Минхен мораше да исплати отштета од 12 милиони евра.

„Винсан Компани е нов тренер на Баерн Минхен. Потпиша договор до 2027 година“, потврдија од Баерн Минхен.

Пред да биде тренер во Барнли, Компани беше на клупата на Андерлехт, клуб во којшто едно време беше и тренер и играч. Белгиецот е познато име во светскиот фудбал. Како играч се прослави играјќи за Манчестер сити, а има играно и за Хамбургер во Германија.

Во Баерн Минхен доаѓа на местото на Томас Тухел, кој доби отказ откако баварскиот гигант во сезоната која измина не успеа да освои ниту еден трофеј, нешто што повеќе од една деценија не се случило во Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести