13.8 C
Skopje
среда, 26 ноември 2025

Компани предупредува: Ни претстои најтешката задача

Арсенал го пречекува Баерн Минхен во меч на екипите кои се на првите две позиции на табелата во Лигата на шампионите. Двата европски гиганти досега имаат перфектен учинок, а вечерва имаат меѓусебна пресметка во Лондон.

Тренерот на Баерн, Винсан Компани, со многу почит зборуваше за тренерот на Арсенал, Микел Артета, и тоа што Шпанецот го прави во англискиот тим.

„Кога гледам како Микел го развил својот тим и себеси, гледам дека играат со одлична физичка подготвеност. Тој работи со големо внимание на деталите и во тимот има многу малку слабости. Тоа е природата на Артета. Тој одигра голема улога во Арсенал и сè што кажувам сега е она што го кажав претходно, кога бев со Барнли тука. Тој беше голем дел од тренерскиот штаб (во Манчестер сити). Пеп Гвардиола беше архитектот и имаше експерти зад него кои му даваа повратни информации. Артета беше еден од нив. Кога си замина, никој не беше изненаден што може да стане менаџерот што е сега. Се радувам на предизвикот“, рече Компани.

Баерн Минхен веќе успешно помина еден голем предизвик во ЛШ, а тоа беше гостувањето во Париз против Пари Сен Жермен, кога германскиот гигант славеше на „Паркот на принцовите“ со 2:1.

„Ги добивме нашите први четири натпревари, што беше важно. Досега го постигнавме она што го зацртавме и се надеваме дека тоа може да продолжи. Но, натпреварот против овој тим ќе биде најтешкиот со кој сме се соочиле во моментов. Среќни сме поради тоа – затоа сме тука, тоа е она што го сакаме“, коментира тренерот на Баерн во пресрет на денешниот дерби-дуел.

- Оглас -

Најнови вести