19.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

Компанија Атанасовски победник на турнирот во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“

Екипата на Компанија Атанасовски триумфираше на традиционалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколив-Сокол“. Во големото финале кое се играше синоќа, на преполните трибини на игралиштето во Карпош, Компанија Атанасовски со 5:2 против АПС ПАК. Третото место го освои тимот на Еуро Старт Рента Кар кој во драматичен меч одигра 5-5 против тимот на Барак, а потоа на пенали славеше со 3:2.

Финалето изобилуваше со многу возбудувања. По само неколку минути игра Компанија Атанасовски поведе со 2:0, но потоа следуваше одговор од АПС ПАК намалувајќи на 2:1. До крајот на првото полувреме двете екипи постигнаа уште по еден гол. Најпрво Компанија Атанасовски зголеми на 3:1, а потоа АПС ПАК реализираше за 3:2 на полувреме.

Во вториот дел двете екипи заиграа попретпазливо посебно во одбраната, па немаше погодоци се до 43 минута. Екипата на АПС ПАК реши да ризикува, го повлече голманот од игра и тргна со играч повеќе во нападот, но многу брзо направија грешка и примија гол од далечина за 4:2.

Компанија Атанасовски одлично се бранеше, а до крајот на мечот искористи уште една грешка на противникот и повторно со шут од далечина ја погодија празната мрежа на противниците за конечни 5:2 во финалето.

Победникот на турнирот заработи 500.000 денари, додека за второпласираниот тим наградата изнесува 250.000 денари. Меѓу многуте спонзори на овој најпопуларен турнир во мал фудбал беше и Sport Life, компанија која како многу пати досега покажала дека е општествено одговорна.

 

- Оглас -

Најнови вести