Компилација атракции во режија на Монфис, Надал го среди Чилиќ (видео)

Рафаел Надал го совлада Марин Чилиќ со 3-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-1, 6-2) за пласман во четврт-финалето на ОП на САД. Шпанецот првпат на овосезонскиот четврти Гренд слем загуби сет, но во продолжението од мечот немаше милост кон хрватскиот тенисер, едвај му дозволи да освои три гема во преостанатите два сета.

Надал тргна одлично, па иако претрпе брејк, возврати со два кои му овозможија да поведе по првиот сет. Хрватот ги израмни сметките за 1-1, а потоа ја почувствува и вистинската моќ на Надал. Вториот носител беше неприкосновен во финишот, па ја оствари победата искористувајќи ја првата меч-топка.

Гаел Монфис славеше над Пабло Андухар по три сета со 6-1, 6-2, 6-2. Секогаш атрактивниот француски тенисер повторно ја забавуваше публиката со своите акробатски потези, а беше толку надмоќен над шпанскиот тенисер што победата ја оствари точно за 90 минути.

Четврт-финале двојки: Вавринка – Медведев, Федерер – Димитров, Монфис – Беретини, Надал – Шварцман.

Бјанка Андреску е последната тенисерка која се пласираше во четврт-финалето во женска конкуренција. Канаѓанката ја совлада Тејлор Таунсенд со 2-1 во сетови (6-1, 4-6, 6-2).

Четврт-финале двојки: Бенчиќ – Векиќ, Андреску – Мертенс, Свитолина – Конта, Вилијамс – Венг.

- Оглас -

Најнови вести