Македонската фудбалска репрезентација ги прави последните подготовки пред утрешниот пријателски меч против Летонија, а потоа фокусот целосно ќе биде насочен на пресметката против Велс на гости во рамките од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026.
Статистиката вели дека Македонија 100 отсто ќе игра во баражот за Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Нашата селекција е само една од трите кои имаат максимални 100 отсто шанси за баражот во кој ќе има дури 16 национални селекции од Европа.
Инетресно е дека најслаборангираната репрезентација во светот Сан Марино има 20 отсто шанси да игра во баражот, а тука е и Србија со 19 отсто шанса да игра во баражот за пласман на завршницата.

Според калкулациите, Македонија речиси сигурно ќе биде во последниот четврти барабан во кој се сместени најслабите по ранг. Таму се селекциите кои победија во Лига на нации.
Тоа значи дека Македонија ќе игра со некоја од првиот барабан каде што се најсилните и најдоброрангираните национални тимови, а таму се: Италија, Турција, Украина и Полска. 
По најправените симулации, во полуфиналето од баражот за пласман на Мундијалот, има 16 отсто шанси Македонија да игра против Турција. Други калкулации покажуваат дека Италија повторно ќе биде ривалот на Македонија во баражот, како тоа што беше во 2022 година. Тогаш Македонија во Палермо ја елиминираше Италија со 1:0, а потоа нашата селекција во финалето на баражот загуби од Португалија со 2:0 и не успеа да обезбеди историски прв палсман на завршницата на планетарниот собир.


