Барселона ќе игра против Челзи во осминафиналето на Лигата на шампионите, најавува една компјутерска симулација четири дена пред извлекувањето на двојките. Шансите овој пар да биде во февруарските мечеви од осминафиналето се 23,3 проценти, повеќе од кој било друг меч во оваа фаза.
Над 22 проценти се шансите Каталонците да се сретнат и со Тотенхем, што значи дека според компјутерот кој пресметуваше, не треба да се чудите ако Барса патува во Лондон.
И на Јувентус најголеми му се шансите да игра со Челзи. Манчестер сити и Ливерпул имаат по 22,6 проценти шанси да се сретнат со Атлетико Мадрид, што не е баш добра вест за Јорганџиите, но тие беа втори во групата и не може да бираат многу. И Валенсија има 22,6 отсто шанса да се падне со Тотенхем.
Најмала е веројатноста Баерн да се падне со Лион, а под 15 проценти се и шансите ПСЖ и Лајпциг да се сретнат со италијански тим во осминафиналето (Наполи или Аталанта).
Еден од тимовите кои носителите ќе сакаат да го избегнат е Реал Мадрид. Реал има најголеми шанси да налета на Манчестер сити или Ливерпул, потоа на Јувентус, а под 20 проценти се шансите Кралскиот клуб да игра со некој од германските Баерн или Лајпциг, кој е премијата во случајов.