Компјутерот пресмета: Македонија има само 5,80% шанси да игра на ЕП 2024!

Фудбалската репрезентација на Македонија нема да игра на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во 2024 година во Германија.

Барем такви се првичните пресметки на статистичарите од „We Global Football“, кои неодамна после поразот од Бугарија погодија откако со висок процент најавија дека македонската селекција ќе биде во четвртиот шешир при денешната ждрепка, кога уште не беше 100 проценти сигурно дали ќе бидеме во четвртиот или петтиот.

Врз основа на бројни фактори, компјутерски е пресметано дека Македонија има само 5,80 проценти шанси да се пласира на ЕП.

Од екипите од нашата група Ц, Италија има 87,6 отсто шанси да се најде на ЕВРО 2024, Англија има 86,16, Украина 20,44, а Малта нема никакви шанси и нив им е дадена нула проценти. Можеби Италија и Англија се фаворити во нашата група, но има прилично многу селекции на кои им се даваат уште поголеми шанси за место на ЕП, отколку на Италија и Англија.

На ЕП 2024 ќе играат домаќинот Германија, 20 селекции (по деве најдобри од секоја група) од квалификациите, и трите шампиони во Лигата на нации, од лигите Б, Ц и Д.

- Оглас -

Најнови вести