Ливерпул е единствениот перфектен тим со пет победи по првите пет кола во групната фаза од Лигата на шампионите. За разлика од Ливерпул, прваците на Шпанија и на Франција, екипите на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен играат разочарувачки и според пресметките на суперкомпјутерот тие речиси и да немаат шанси да бидат во Топ 8 на табелата, позиции кои водат директно во осминафиналето од ЛШ.
Пресметките велат дека Реал Мадрид има само два отсто шанси на крајот по завршување на осмото коло, Кралскиот клуб да обезбеди место во осминафиналето. Интересно е дека Реал е дури на 21-вото место по последните направени калкулации, но и тоа треба да е доволно да биде дел од плејофот за пласман во осминафиналето.
За разлика од Реал Мадрид, ПСЖ е во опасност дури и да не биде меѓу 24-те екипи кои ќе продолжат понатаму по завршување на групната фаза.
Трите екипи во коишто има македонски фудбалери се со мали шанси да останат во ЛШ и по завршување на групната фаза. Динамо Загреб, каде што играат Стефан Ристовски и Аријан Адеми, се со најголеми шанси да останат во плејофот, додека за Жирона на Бојан Миовски и Лајпциг на Елиф Елмас, шансите се минимални.
🚨🆕 UCL projections (27 Nov)
No change to projected Top 8.
New in Top 24:
🔹 Club Brugge 🇧🇪Out of Top 24:
🔸 Dinamo 🇭🇷 pic.twitter.com/sAexzwJa5Z— Football Meets Data (@fmeetsdata) November 27, 2024