Компјутерот пресметал кој ќе биде првак во Англија, кој ќе игра во ЛШ, а кој ќе испадне

Манчестер сити трета сезона ќе биде првак на Англија. Ова го предвидува компјутерот кој направил пресметки за тоа кој клуб со колкави шанси влегува во новата сезона. Граѓаните ќе се радуваат на трофејот, додека зад себе ќе го остават Ливерпул, исто како што беше во минатата сезона.

Едноставно, во новата сезона не треба да очекуваме ништо ново освен копија од претходната сезона. Тотенхем и Челзи се фаворити за третото и четвртото место кои водат во Лигата на шампиони, а Арсенал и Манчестер јунајтед повторно ќе извисат.

„Црни“ се прогнозите за Њукасл, како и за новите премиерлигаши Норвич и Шефилд јунајтед. Тоа се трите клуба кои треба да испаднат од англиската елита во новата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести