Специјализираниот фудбалски веб сајт We Global football направи компјутерска симулација по завршувањето на септемврискиот циклус квалификации за Европското првенство 2024 и шансите на Македонија да игра на ЕП во Германија следната година ги процени само на 0,8 проценти.
Во моментов Македонија има еднаков број бодови со втората Италија и третата Украина, со тоа што Аѕурите имаат и еден меч помалку. За македонскиот тим во октомври следува гостување кај Украина, а во ноември имаме гостување во Италија и домашен меч со Англија.
Тешкиот распоред е причина што на нашиот тим не му даваат шанси да биде учесник на ЕВРО 2024. Од нашата група, со 99,9 проценти сигурност Англија ќе оди на ЕП, а Италија има 83,8 проценти шанси. Шансите на Украина се проценуваат на 15,4, додека Малта ни теоретски веќе не може да биде учесник на ЕП.
Направена е симулација и за тоа како ќе изгледа табелата на крајот од циклусот. Македонија не може да биде последна, но има дури 87,7 отсто шанси да биде четврта, а 11,5 отсто шанси да биде трета и барем пред Украина. Првото и второто место се само теоретски достижни, со комбинација на многу резултати кои треба да ни одат во прилог.