Компјутерска симулација на кобниот лет од Нант кон Кардиф треба да даде важни информации за тоа зошто се сруши авионот во кој леташе фудбалерот Емилијано Сала. Авионот кој падна во водите на Ла Манш ја однесе мистеријата која уште не е решена.
Авионот беше најден дури две недели по исчезнувањето, а потоа беше пронајдено и телото на Сала. Компјутерската симулација започнува од аеродромот во Нант, од каде што започнува кобното патување. Во симулацијата се пресметани апсолутно точните временски услови коишто биле тој ден, маршрутата, висината на која се летало, како и сите останати карактеристики за летот.
Во следните неколку дена треба да се добијат целосните резултати од оваа симулација, но првичните прогнози се дека дождот и северниот силен ветер кој дувал биле причина за оштетување на авионот, кој воопшто не ни требало да полета во такви временски услови.