28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Компјутерската симулација покажа дека Вардар 99,9 проценти оди понатаму

Компјутерските симулации на Football meets data покажуваат дека Вардар има 99,9 проценти да оди во второто квалификациско коло од Конференциската лига откако синоќа во Скопје ја совлада Ла Фиорита од Сан Марино со 3-0.

Уште пред мечот јасно беше дека Вардар е голем фаворит, а Црвено-црните ја оправдаа улогата со три гола во второто полувреме.

Вардар е најголем фаворит за пласман во второто квалификациско коло од сите екипи коишто играат прво квалификациско коло. Во наредната рунда, најтрофејниот македонски клуб ќе игра со швајцарскиот тим Лозана.

Што се однесува до другите два македонски претставника, нивните шанси се скромни. На Силекс против Дечиќ по поразот 0-2 му се даваат 14 отсто шанси да оди понатаму, а Работнички, кој загуби 0-3 од Торпедо-Бегаз, пресметано е дека има само 6 проценти шанси да го елиминира белорускиот тим.

- Оглас -

Најнови вести