Комплексот „Макс Шмелинг“ личи на „Борис Трајковски“, но има повеќе мали сали (Фото)

Спортскиот парк во Берлин каде што се наоѓа и салата „Макс Шмелинг“ е пример како треба да изгледа еден комплекс на стадион со сала и повеќе пропратни елементи во неа.

Македонската и швајцарската ракометна репрезентација истовремено тренираа во пресрет на утрешниот дуел од Европското првенство, но во две различни мали сали кои се една до друга во овој комплекс. Тука е и главната сала „Макс Шмелинг“, која собира околу 10.000 луѓе.

Салата крстена по славниот германски боксер, од надвор личи на скопската „Борис Трајковски“, но освен голема сала, има и повеќе мали кои се поголеми или тука некаде како онаа мала која ја имаме во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Салите се широки, имаат и монтажни трбини, а во нив може да се практикува кошарка, ракомет, одбојка, гимнастика, итн.

Додека тренираа нашите ракометари, во друга сала беа Швајцарците, а во една имаше деца кои спортуваа.

- Оглас -

Најнови вести