Комплетиран најскапиот трансфер во овој преоден рок

Романскиот репрезентативец Раду Драгушин и официјално е нов играч на Тотенхем. Драгушин во лондонскиот тим пристигна од екипата на Џенова, и тоа за трансфер од 30 милиони евра, кој засега е рекорден во овој преоден рок во Европа.

Романскиот стопер, кој има 21 година, ќе го носи дресот со бројот шест, а верноста со Тотенхем треба да му биде до јуни 2030 година. Интересно е дека за Драгушин се интересираше и Баерн Минхен, германскиот гигант му даваше дури и поголема плата на дефанзивецот, но тој реши да го одбере Тотенхем.

Драгушин е роден во Букурешт, а на 16 години заминува во Јувентус. Со 18 години дебитира за Старата дама, но сепак не доби голема можност за настап во италијанскиот гигант, па често беше на позајмица, и тоа во екипите на Сампдорија, Салернитана и Џенова.

Минатото лето Џенова го откупи договорот на Романецот, и тоа за 10 милиони евра, а по добрите игри кои ги покажа во овој период, неговата вредност се зголеми за трипати. Висината е главна предност за Драгушин и со 191 сантиметар доминира во воздушните дуели. Во Серија А сезонава доби 59 од 84 воздушни дуели, па тоа треба да му биде и голем адут за настапите во Премиер лигата, каде што играта со глава посебно се цени.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести