17.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Комплетирани четвртфиналните двојки во ракометната Лига на шампиони

По одигрувањето на последните осминафинални дуели вечерва, познати се сите четири четвртфиналиња во машката ракометна Лига на шампиони.

Флензбург го елиминира ПИК Сегед, а Пари Сен Жермен беше многу подобар од Елверум, па сега се знае меѓу кои осум тима ќе се води битката за европската клупска титула.

Паровите за четвртфиналето се: Веспрем – Алборг, Монпелје – Кјелце, ПСЖ – Кил и Флензбург – Барселона. Дуелите се играат на 11 и 18 мај.

- Оглас -

Најнови вести