Комплетна реконструкција: Јунајтед ќе потроши над 200 милиони евра за четворица нови фудбалери

Манчестер јунајтед игра катастрофална сезона во Премиер лигата, а на последните шест средби има дури пет порази. Црвените ѓаволи се многу поблиску до зоната за испаѓање отколку до горниот дел од табелата, па сосема е извесно дека на „Олд Трафорд“ се подготвува комплетна рекострукција.

Веќе се најавуваат голем број заминувања, на дел од фудбалерите им е кажано дека не се смета на нив, а Рубен Аморим има четири големи желби за создавање екипа од соништата, но за тоа ќе му требаат најмалку 200 милиони евра.

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен на крајот од оваа сезона ќе биде слободен фудбалер, но за него интерес има и од Реал Мадрид, па Црвените ѓаволи ќе треба да водат голема битка за неговиот потпис.

Вториот фудбалер кој може да дојде како слободен е Дани Олмо, кој може да ја напушти Барселона како слободен фудбалер уште зимава, а Манчестер јунајтед во него гледа идеално засилување за средниот ред.

Двајцата фудбалери за кои треба да се плати по 100 милиони евра се Бруно Гимараеш од Њукасл и Виктор Ѓекереш од Спортинг. Дали и колку од ова ќе се исполни, ќе покаже само времето.

- Оглас -

Најнови вести