Комшиски и супер гест на Реал Мадрид – Димитриевски тренираше на „Алфредо ди Стефано“

Комшиски и супер гест приреди Реал Мадрид и им дозволи на своите градски ривали од Рајо Валјекано да тренираат на нивниот комплекс во Валдебебас пред куп-дуелот во сабота, против Елче.

Теренот на Рајо Валјекано беше замрзнат и беше невозможно да се тренира по олујата „Филомена“ што ги зафати Мадрид и цела Шпанија, па напомош пристигна славниот клуб и сосед Реал Мадрид.

Столе Димитриевски, кој брани за Рајо Валјекано, и неговите соиграчи тренираа денеска на теренот „Алфредо ди Стефано“, во тренинг-комплексот на Реал Мадрид и ако биде потребно, ќе ги продолжат тренинзите на истиот стадион до одигрувањето на куп-дуелот со Елче во сабота од 12 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести