Кондомот ѝ помогна да стигне до медал на ЛОИ

Џесика Фокс од Австралија освои бронзен медал во натпреварувањето на кајак едносед. Непосредно пред финалето, Фокс се соочи со неочекуван проблем.

Предниот дел од нејзиниот кајак беше оштетен, а Џесика најде неверојатен начин како да го среди проблемот. Употребувајќи кондом, успеа да го заштити предниот дел од кајакот и потоа да настапи и да стигне до третото место.

„Се обложувам дека никогаш не би помислиле како кондомот може да ви помогне во поправањето на кајакот“, напиша Фокс.

На ЛОИ во Токио беа поделени дури 160.000 кондоми, а еден од тие на Фикс и помогна да стигне до медал на Игрите.

- Оглас -

Најнови вести