Мечот помеѓу Реал Мадрид и Осасуна од првото коло на Ла Лига и дефинитивно ќе се игра на 19 август. Ваква одлука донесе раководството на лигата, што значи дека е одбиено и второто барање на Кралевите за одложување на мечот.
Објаснувањето е дека нема причина за одложување, а Реал Мадрид има и повеќе од 21 ден за одмор помеѓу двете сезони. Кралевите со настапот на Светското клупско првенство завршија на деветти јули, на 10-ти веќе беа во Шпанија, а од 11-ти веќе им тече одморот.
Според судот на Ла Лига, евентуалното одложување би го нарушило интергитетот на првенството.