11.8 C
Skopje
сабота, 4 октомври 2025

Конечно доаѓа времето кое Пол Погба со нетрпение го чека

Некогашната голема фудбалска ѕвезда Пол Погба е подготвен конечно да се врати во фудбалот на голема сцена. Поранешниот француски репрезентативец повеќе од една и по година не смееше да игра поради суспензијата што ја заработи откако беше позитивен на допинг тестот.

По завршување на суспензијата, Погба доби доверба од тимот на Монако, а тренерот на францускиот тим, Ади Хутер откри кога го очекува во составот. Јасно е дека Погба нема да игра викендов против Ница, но треба да е подготовен за дуелот против Анже кој се игра на 18 октомври.

„Погба полека влегува во форма. Сакавме да биде подготвен за дуелот против Ница, но некако е пребрзо. Најверојатно ќе оставиме дебито да го има по завршување на репрезентативниот викенд и тоа за дуелот против Анже. Се надевам дека Погба ќе биде во екипата“, рече тренерот Хутер.

- Оглас -

Најнови вести