Конечно добра партија одигра Волчицата

Рома им се врати на победите по четири лоши резултати во низа, па со убедливи 4-0 го растурија аутсајдерот Лече на „Олимпико“. Римската волчица до денес не знаеше за триумф во вториот месец од 2020 година, но ја задржаа дведецениската традиција да го совладаат тимот на Лече на домашен терен.

Првото полувреме беше во знакот на позајмениот Михтаријан, Ерменецот му асистираше на Ундер за 1-0 во 13-тата минута, за во 37-та минута и самиот да се запише во листата стрелци. Иако дилемите речиси беа решени, Џеко искористи да го забие 12-от првенствен гол сезонава, а точка на мечот стави Коларов на десетина минути пред крајот.

Со овој триумф Рома се врати во трката за четвртото место на табелата кое гарантира квалификации во ЛШ, со 42 бода стои на петтото место, односно има три помалку од Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести