Кристијано Роналдо со гол од слободен удар на пријателскиот меч против Ирска (3-0) се врати во репрезентацијата на Португалија, откако ги пропушти претходните два пријателски меча.
Португалецот на овој меч го постигна својот 63-ти погодок во кариерата од слободен удар, а камерите го снимија што си зборува сам на себе пред да го изведе слободниот удар.
„Погоди, погоди, нормално е за тебе да дадеш гол.“ – зборуваше Кристијано Роналдо.