Борусија Менхенгладбах оствари важен триумф со убедливите 4-1 против Унион Берлин, победа со која тимот се наметна во битката за директен пласман во Лигата на шампионите. Избраниците на Марко Росе ја оправдаа фаворитската улога и до 80-тата минута веќе ги имаа обезбедено трите бода, па му оставија простор на тренерот да ги искористи четири од петте измени според новото правило на ФИФА.
Последните две измени за домаќините се направија во 90-тата минута, колку да се троши времето, но за еден фудбалер влегувањето во игра беше посебен момент. Мамаду Дукуре, 22-годишниот дефанзивец на Менхенгладбах конечно дебитираше за првиот тим четири години откако потпиша за бундеслигашот.
Дукуре 1.041 ден се мачеше со неколку тешки повреди кои го спречуваа да заигра за Гладбах иако е член на екипата од јули 2016 година, кога го напушти ПСЖ. Иако на теренот се задржа само неколку минути на местото од Нухаус, за него беше доволно бидејќи го дочека своето деби по долго мачење.
Колку му значеше дебито за првиот тим, покажува и прославата по крајот на мечот од страна на меговиот соиграч и сонародник Маркус Турам. Турам го зеде дресот на Дукуре, го обеси на корнер знаменцето и го вееше кон трибините каде што се сместени картонски маскоти на местото од навивачите.
Mamadou Doucouré signed for Gladbach from PSG in 2016, but due to injuries did not play a single minute of first-team football until today vs. Union Berlin. Marcus Thuram placed Doucouré’s shirt on the corner flag and raised it to celebrate with the cardboard cutout crowd from soccer