Конечно го „проби мразот“ – Роналдо од пенал против Шериф го даде првиот гол сезонава (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го постигна првиот гол во оваа сезона откако го реализира пеналот во 39-тата минута против Шериф Тираспол.

Португалецот со тоа му донесе водство од 2:0 на Манчестер јунајтед, откако претходно погоди Џејдон Санчо во 17-тата минута.

Со тоа Манчестер многу веројатно дека ќе дојде до првите три бода во овосезонската Лига на Европа.

Црвена ѕвезда пак губи со 1:0 против Трабзонспор, каде што нашиот репрезентативец Енис Барди е на клупата за резерви.

- Оглас -

Најнови вести