Конечно и Арсенал ќе го фати вистинскиот правец – Капитенот ќе ја претрка најплатената утка во клубот

Пјер-Емерик Обамејанг ќе потпише нов тригодишен договор со кој ќе биде најплатен играч во Арсенал, пред лежерниот Месут Озил, кој ретко игра за Топчиите, а е број 1 според платата во клубот од Лондон.

Најавено е дека најдобриот стрелец на Арсенал во последните две сезони ќе продолжи да игра за славниот клуб од Лондон, а основната неделна плата ќе му биде 250 илјади фунти, но со бонуси ќе може да стигне до 375 илјади фунти, со што би го поминал Озил со примања од 350 илјади фунти секоја седмица во месецот.

Обамејанг има 31 година и најавуваше дека сака да си замине, пред сè во Барселона, но до трансфер не дојде, а тоа го искористи Артета за да го смени мислењето на Габонецот и да го задржи во Арсенал.

Проблемот на Топчиите е што Озил, кој е убедливо најплатен играч на Арсенал во моментов, воопшто или многу ретко игра, а досега заработуваше речиси двојно повеќе од најдобриот стрелец и капитен Обамејанг со неделна плата од 180 илјади фунти.

Обамејанг беше втор стрелец во Премиер лигата во сезоната што заврши неодамна, а постигна 22 гола, еден помалку од Џејми Варди од Лестер.

Во претходнуот циклус натпревари во најсилното англиско првенство популарниот Оби со еднаков број на погодоци, 22, го делеше првото место на листата со најдобри стрелци со двоецот на Ливерпул, Салах и Мане.

 

- Оглас -

Најнови вести