Конечно и тоа се случи: Двете екипи го напуштија теренот поради расизам (Видео)

Екипите на Харингеј Бро играше на својот стадион против Јеовил во меч од квалификациите од ФА Купот. Се играше 64 минута, кога домашните играчи одлучија да го напуштат теренот. Пред тој момент, беше досуден пенал за гостите, а ударот од белата точка во гол го претвори Рус Марфи.

Непосредно пред да биде изведен пеналот, домашниот голман Харингеј Даглас Пајет беше изложен на расистички навреди од страна на неколку навивачи на гостите, кои беа зад голот. Домашните играчи револтирани решија да го напуштат теренот, а потоа им се приклучија и гостинските фудбалери.

„Во име на Јеовил Таун можам да кажам дека целосно ги поддржуваме играчите на Харингеј Бро и стоиме заедно со нив. Решивме да им дадеме поддршка. Сакаме да се знае дека и нашиот клуб го осудува ваквото однесување на дел од навивачите. Секако дека играчите и тренерите се навикнати да бидат цел на навреди, но мора да постојат некои граници. Никако не смееме да дозволиме расна дискриминација. Чувствувам дека постапивме правилно“, рече тренерот на Јеовил, Дарен Сарл.

https://youtu.be/0aro7oWwCzw

- Оглас -

Најнови вести