Калчото конечно може да продолжи, а со голема сигурност е дека во Италија пак ќе се игра фудбал од 13 јуни. Тоа е провизорниот датум за камбек на Серија А како едно од најквалитетните првенства во Европа.
Договорени и прецизирани се медицинските протоколи до кои треба да се придржуваат клубовите и играчите, а екипите од Првата лига ќе имаат доволно време за подготовки.
Калчолигашите со индивидуални тренинзи стартуваа на почетокот на оваа недела, а со тимски тренинзи со засилено темпо ќе почнат на 18 мај.
Голем проблем беше барањето на клупските лекари да се потпише документ дека ќе немаат вина ако фудбалерите се заразат со ковид-19, но тоа допололнително ќе се решава.
До прекинот на првенството во Италија, Јувентус е лидер со 63 бода, пред Лацио со 62 и Интер со 54 и меч помалку. Тоа е триото екипи што има шанси за титулата на 12 кола до крајот на шампионатот, што би требало да се рестартира на 13 јуни.