Конечно малку радост и сонце и за двата најголеми фудбалски ривали во Македонија, Вардар и Пелистер, екипи кои денеска победија на гости кај Караорман, односно Охрид.
Вардар со пресврт славеше во Струга и го прескокна Караорман со триумф од 2:1, а Пелистер го преплива Охрид и победи со 1:0.
И двете екипи имаат по 10 бода, но Вардар од четири меча, а Пелистер од пет на третото, односно четвртото место на табелата во Втората лига.
Во останатите натпревари денеска, Каменица Саса ја победи Беласица со 1:0, Беса со 3:2 славеше против Слога Виница, Кожуф со 2:0 го победи Борец во Велес, Детонит со 3:1 го надигра Арсими, а без голови одиграа Пехчево и Тетекс.
Вчера во дербито на колото Гостивар и Воска ремизираа 2:2.
Табела: